Големо торнадо на Јадранот

0
752

Силно невреме погоди делови на Балканот. Град со големина на тениско топче уништуваше автомобили во Словенија, а големо торнадо се појави на приморјето во Хрватска.

Торнадо се појавило кај црногорскиот приморски град Котор, а се движело кон Херцег Нови, при што биле оштетени куќи, згради, а силниот ветер корнел и дрвја.

Невремето оштетило и два помали авиони на аеродромот во Тиват.