Голем интерес за кастингот за статисти во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Голема гужва на кастингот за статисти кој денес се случуваше во Битола, а е наменет за потребите на филмот „Сирена во Париз“ со шпанската актерка Роси де Палма и французинот Ерик Кантона кој ќе се снима на локации во Битола и во Скопје. Кастингот го правеше продукцијата „Сестри и брат Митевски“, кои се и копродуценти на овој филм. Македонската режисерката Теона Стругар Митевска го правеше кастингот, како што вели со оглед на тоа дека Битола е филмски град, не очекувале толку голем интерес.

Долго време разгледувавме локации за снимањето на филмот, па на режисерот најмногу му се допадна битолската клиничка болница, каде и ќе се снима филмот, посочи Митевска

„Сирена во Париз“ е бајка и љубовна приказна, опиша во кратки црти Теона Стругар Митевска.

Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, потоа во Скопје, а подготовките за филмот „Сирена во Париз“ се интензивни, вели Митевска.

Филмот „Сирена во Париз“ е француско-белгиско-македонска копродукција, комплетно дистрибуиран од „Сони Пикчрс“.

Share.