Голем успех на битолските билдери Стојановски и Тромбев на ЕП во Шпанија

0
2785

Битолчанецот Борче Стојановски на својот дебитантски настап на Европското првенство во Санта Сузана во Шпанија оствари голем успех.

Стојановски влезе меѓу десетте најдобри во тешка категорија над 91 килограм, што е голем успех за него и за македонската боди-билдинг федерација.

Со оглед на тоа што ова беше прв меѓународен натпревар од ваков тип за битолчанецот Стојановски, ова е голем успех и одлично постигнување. Претходно во јуниорска конкуренција шестото место го освои уште еден дебитант, Горан Тромбев.