Голманот Стивен Колевски потпиша за Црно Буки ЗЛ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Амбициозниот третолигаш Црно буки ЗЛ денес потпиша со Стивен Колевски и ја зголеми конкуренцијата меѓу стативите. Стивен е повозрасен брат на Александар Колевски и двата браќа за првпат ќе настапуваат во иста екипа.

Претходно на третолигашот му пристапија повратниците Виктор Ѓуровски и Андреј Ангеловски и напаѓачот Стефан Главевски.

По есенскиот дел во Третата лига-Југозапад, Црно Буки се наоѓа на петтата позиција на табелата со 21 бод, колку што има и четвртопласираниот Влазними. Лидер и есенски првак е Охрид со 37 бода.

Утре тимот на Наум Љамчевски ќе одигра тест натпревар против второлигашот Тиквеш.

Share.