ТЕРА

REKLAMA???

ГОРАН БРЕГОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА ЈУБИЛЕЕН И РОДЕНДЕНСКИ КОНЦЕРТ

Најголемата рок легенда на балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23ти Март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар “Јане Сандански”.

Во годината кога се слави 50 години од основањето на најуспешната ех ју рок  група Бијело Дугме, а само еден ден после неговиот  роденден, Горан Бреговиќ со својот ” Оркестар за свадби и погреби” одржи голем славенички концерт. Ова е уникатна шанса за сите негови фанови во една вечер да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера. Бидете дел од овој голем славенички концерт!

Бреговиќ порачува „не носете поклони Вие сте мојот најголем Роденденски поклон, дојдете во што поголем број Ви ветувам невероватен спектакл ” Ко не полуди, није нормалан”.

На овој концерт ќе се спојат различни генерации. Оние кои пораснале со музиката на сараевчанецот за кој освен Балканот слушна и светот, тие кои од претходните генерации дознале што е добра музика, но и сите оние кoи едноставно знаат да ценат врвен музичар од негов калибар. Ако секоја средба со Брега е средба за паметење, овојпат се очекува концертот да биде посебно незаборавен и полн со емоции, бидејќи е славенички и јубилеен. Не ја пропуштајте оваа единствена можност за роденденска дружба со големата балканска ѕвезда!