Горан Кузманоски потпиша со Еурофарм Работник

0
394

Горан Кузманоски се договори со тимот на Еурофарм Работник, каде ќе остане до крајот на оваа сезона. Кузманоски го носеше дресот на Одорхеи, кој пак поради финансиски причини се распадна.

Кузманоски кариерата ја започна во Тутунски Комбинат Бренд, беше дел од екипите на Вардар, Металург и Пролет, а потоа замина за странство. Го носеше дресот на Мадеира, шведски Трелеборг, а пред да дојде во Еурофарм Работник речиси седум години настапуваше во романскиот тим, во дресот на Одорхеи, каде беше вистински лидер и најдобар играч.