Гордост е што театарската сезона ја отворивме со Достоевски-уметничкиот директор Чоревска за Коцкар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Театарската сезона во Народен театар Битола за 2018 се отвори со премиерата на „Коцкар“ од Достоевски во режија на Дејан Пројковски.

Овој театар досега неколку пати низ годините како никој друг театар во земјата се зафатил со делата на Достоевски. Постои капацитет и актерски и луѓе кои ја творат целосната слика од сценографи, костимографи, режисери. Овој роман на Достоевски иако мал, зазема доста значајно место во неговот творештво.

-Oваа претстава ги вклучува и доајените на Битолскиот театар, но и студенти, една екипа од различни возрасти. Со Дејан сме пријатели уште од аматерските наши први претстави, пред 4 години имав можност да ја играм главната улога во претставата Ана Карењина во режија на Пројковски и сега задоволството е големо што повторно играм главна улога и во оваа претстава, го играм ликот на Полина Александрова-изјави уметничкиот директор на театарот Илина Чоревска.

 

Share.