Гореше и во Нова Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Попладнево пожар и во Нова Битола. Се работи за локацијата зад новиот пазар, односно помеѓу техничкото училиште и хотелот Битола.

Секојдневни се апелите на надлежните за непалење на отворен простор и стрништа, но очигледно дека не стигнуваат до сите.

Деновиве пак оваа локација беше чистена од ученици од медицинското училиште од Битола предводени од нивната класна раководителка Марија Магдалена Петковска-Микаровска, а во акцијата се вклучија и други ученици од Битола, родители, членви на невладини и граѓански здруженија.

 

 

Share.