ТЕРА

REKLAMA???

ГО НАЈАВИ ПОЧЕТОКОТ НА БИТФЕСТ, А ЗА ТОА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ ЌЕ СЕ ЧЕКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ

Вчера на прес конференција, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го најави почетокот на Битфест.

На 3 јули ќе биде отворено 16 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, со како што рече голем музички спектакл на стадионот „Петар Милошевски“.

Но, програмата за годинашното културно лето не е готова.

„Со оглед на изборниот период во кој се наоѓавме, досега не можевме да објавиме јавен повик за доставување на понуди за културни настани, но кога официјално ќе бидат завршени правните процедури во овој дел, ќе следува и јавната објава, која ќе се однесува на настани кои ќе се реализираат од 01 до 31 август. На тој начин, ќе овозможиме навистина добра и квалитетна културна понуда, која верувам ќе ја зголеми туристичката посета на Битола, што е значајно и од економски аспект, а истовремено ќе понуди културни содржини во кои ќе уживаат нашите граѓани“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

А за тоа колку општината ќе ја чини ова културно лето, Коњановски одговори дека во однос на тоа ќе треба заедно со Советот на Општина Битола да го реализираат ребалансот на буџетот во кој ќе бидат издвоени средства и дека за подетални информации јавноста ќе биде информирана.