Го означија стартот на изградбата на првата турска нуклеарна централа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин денеска преку видео конференција го означија стартот на изградбата на првата турска нуклеарна централа „Акују“.

Во обраќањето до присутните, Путин изјави дека би сакал првиот од вкупно четирите енергетски блока да биде пуштен во употреба во 2023 година.

„Акују“, за чија изградба Турција и Русија потпишаа договор во 2010 година, се наоѓа во близина на пристаништето Мерсин на брегот на Средоземното Море. Централата, која ќе ја гради руската државна компанија „Росатом“, ќе има четири енергетски блока со моќност од по 1.200 мегавати.

slobodnaevropa.mk

Share.