Го претепале поради статус на Фејсбук

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 09.04.2018 година во 01,00 часот во Полициската станица Прилеп, 36 годишно лице пријавило дека на 08.04.2018 година околу 19,00 часот додека се движел пеш по улицата “Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое било 37 лице заедно со уште едно друго лице. Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за едно од лицата., по што физички го нападнале. Нападнатиот успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а еден од нив му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите. Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share.