Градоначалникот Кузманоски на увид на градежни активности

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски изврши увид на градежните активности за изработка на настрешница и клупи за седење околу повеќенаменското игралиште во село Новаци.
Исто така ќе биде изработена и настрешница во капелата во село Новаци.
Наскоро во Новаци ќе започне оградување на простор за дневен престој со детски реквизити на фудбалско игралиште во село Новаци и оградување на детски парк кај 10-ти канал во село Новаци.
Сподели