Градот во Преспа направи штета врз овошните насади

Огромна штета направи невремето кое во петокот попладнето го погоди поголемиот дел од Преспа. Преспанскиот регион беше погоден од пороен дожд, ветер и град и  предизвика огромни штети на овошните насади. Овоштарите бараат помош од Владата.

Веднаш после невремето, Општина Ресен излезе на терен, а изминатите денови голем број земјоделци се обратиле до нив за помош. Денес ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штетите кој ќе трае десет дена, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на штетите. После тоа комисиите општински ќе излезат на терен, ќе направат увид по што следи правење елаборати и извештаи кои ќе се пратат до Државната комисија за штети.

Сподели