Град во Демирхисарско, утре попладне со пороен дожд и грмежи

0
1503

Град со големина на лешник попладнево паѓаше во село Слепче, Демирхисарско.

Засега нема информации околу настанати штети земјоделските посеви.

Нестабилното време со локален пороен дожд и грмежи ќе продолжи и во вечерните часови, особено во западните делови. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира насекаде.

 

Утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи.  Утринските од 7 до 15, а дневните температури 18 до 26 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Утре и во среда процесите ќе бидат поретки и со послаб интензитет, а од четврток условите за нестабилност повторно ќе се зголемат.