Граматковски за рибникот, кафеаната, базенот и населбата во Нижеполе

0
3936

,,Од направените анализи рибникот работел со голема загуба така да во перидот кој што е анализиран, во период од јануари 2017 до август 2017 година, трошоците се големи и се разбира и загубите се големи. Нерално големи загуби. Можам да кажам дека базенот Довлеџик, односно ресторанот Довлеџик е затворен. За мене таа е една од култните кафеани во Битола, но од поранешното раководство беше дадена под кирија на период од 10-15 години, за мене нереални, за некои симболични суми. Со оглед дека корисникот не ги плаќаше редовно фактурите договорот е раскинат и се наоѓа пред тужба. Додека пак за зафатот Довлеџик, јас го велам зафатот Довлеџик, кој што е зафат за вода, а не е за спортски рекреативен центар, даден е на повеќе од 10 години за симболична цена од 26.000 денари, што за мене е многу ниска. Редовно ги сервисира трошоците. Ќе видиме што понатаму, а населбата доколку се пројават интересенти за некое приватно партнерство или давање под кирија, можеби ќе се активира. Јас не сум поборник за отуѓување на населбата од јавното претпријатие Стрежево. Ќе побараме државен ревизорски извештај и бараме, сега се чека само да дојдат и да направат проценка на вложувањето колку вреди ресторанот Довлеџик и за кратко време ние ќе го објавиме на тендер за да се јават оние кои се заинтересирани и да почне повторно да работи ресторанот Довлеџик, а со тоа да имаме повторно зголемени приходи по основ на закупнина.,,-изјави директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски.