Граѓаните на денот на изборите

Повеќе од месец дена граѓаните ги слушаа ветувањата од политичарите. Се ветуваше се и сешто, од основното вложување во инфраструктура, нови сообраќајни решенија, Битола зелена, изградба на спортски центри, нови инвестиции и вработувања,  до стигнување на гасот до секој дом. Се за глас повеќе. Граѓаните вчера одлучија Тони Коњановски да биде идниот градоначалник на Битола. Пред да ја донесат одлуката ги прашавме кои се нивните очекувања од идниот градоначалник на Битола.

Ова значи дека новиот градоначалник  го чека многу работа. А тој како што велеше во кампањата, тој заедно со граѓаните на Битола ќе ја направи Битола поубаво место за живеење.

Сподели