Граѓаните сепак треба да поднесат даночна пријава за 2017-та

0
368

Од јануари 2018 година ќе започне реализацијата на проектот “е-персонален данок на доход”. Сепак дотогаш и за оваа година граѓаните ќе треба на пролет сами да поднесат даночни пријави за 2017 година на шалтерите на УЈП. За дополнителните приходи од следната 2018 година започнува електронското спроведување на проектот за даночни пријавувања. Според министерот за финансии и директорката на УЈП, целта е да се поедностават процедурите и да се елиминираат редиците пред шалтерите.