Граџан: Мислам дека се враќаме на прав пат по поразите

Во натпревар со дури шеесет голови, Еурофарм Пелистер загуби од Татран Прешов во Словачка со 32-28.

Со овој пораз тимот на Еурофарм Пелистер остана само со теоретски шанси за првото место во групата А од СЕХА, а второто е веќе сигурно обезбедено и нема да има проблеми да биде достигнато, бидејќи ниту Металопластика, ниту Татран нема да можат до трите победи на битолчани.

„Натпреварот беше навистина добар, мислам дека и ние бевме добар противник од самиот почеток. Имавме тежок пат, многу натпревари и овој пораз е последица на сите тие фактори. Но, по поразите во Европската лига и од Вардар, мислам дека игравме наша игра, наш систем и се враќаме на прав пат“, смета Босанецот Елмир Граџан.

Пелистерци сега мора да свртат нов лист, бидејќи во неделата која доаѓа следат домашниот натпревар против Пролет и гостувањето во Скопје против Металург.

Сподели