„Грдото пајче“ порасна и стана ѕвезда на социјалните мрежи

Зои Дафне го води профилот на „Инстаграм“ на Лонг Бој – патка за која се верува дека е создадена со вкрстување на индиска тркачка патка и т.н. патка глувара, поради што е единствена и многу популарна во студентскиот кампус, каде што ја чуваат.

Се работи за птица висока 70 сантиметри и сите ја обожаваат во кампусот во Јорк, Канада.

„Мислам дека сите во Јорк се многу горди на Лонг Бој, нашата патка што ја сакаат сите и која ни дава посебно искуство во кампусот“, рече Зои.

Прочитајте и: Дел од посмртната покривка на Наполеон Бонапарта ќе може да се купи за 15.000 евра

Зои е студентка по биологија од трета година, и заедно со нејзината колешка, која студира биологија, Лајам Фоскет, се грижи за патката која што случајно ја нашле како талка низ кампусот во 2018 година, по што решиле да ја посвојат.

„Верувавме дека птицата е одбиена како несакано милениче. Почнавме да ја храниме и да фотографираме и ја нарековме Лонг Бој поради високиот раст! Малку ни беше жал за него, бидејќи тој не изгледаше како други патки, тие го избегнуваа, изгледаше доста осамен “, вели Зои.

Но, сега е доста познат во кампусот и веќе се вклопи во опкружувањето и се дружи со другите птици.

Високата патка има повеќе од 15.000 следбеници на Инстаграм.

Сподели