ТЕРА

REKLAMA???

ГРЕЈС ЏОНС ВИКЕНДОВ НА SKOPJE CALLING 2024

Викендов на Стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи културно музичкиот фестивал Skopje Calling 2024. Како што најавија од Авалон Продукција, на фестивалот ќе настапи светската ѕвезда Грејс Џонс, а втората вечер е резервирана за Севдализа.

Една од највлијателните и најреволуционерни музички ѕвезди и уметнички појави, Грејс Џонс, го носи своето спектакуларно live show за прв пат во Македонија, на 6-ти јули, каде ќе настапи со 12 врвни музичари.

„Грејс oстанува во Скопје цели 3 дена, после што ја продолжува својата летна турнеја во Лондон. Кога се нејзините барања и рајдер во прашање – oд изборот на вино, шампањ и морска храна, до техничките спецификации за звук и светло, слободно можеме да кажеме дека се работи за најспецифичниот и најдетален рајдер кој сме го имале досега“, истакнуваат организаторите Авалон продукција.

За официјално затворање на фестивалот Скопје Колинг и како втор, посебен фестивалски ден Авалон ја носат креативната, независна, авангардна артистка која e пред своето време. Во духот на овогодинешното издание на Скопје Колинг, на кое, се разбира, главната позиција ја има, без никакво претерување легендарната и голема Грејс, како артистка позната по поместувањето на граници и креирањето на она кое ние денес го викаме, не само ,,поп култура”, туку и ,,суб култура”, беше повеќе од природно во рамките на официјалното “closing party” на фестивалот да настапи артистка која (како и Грејс со нејзиното појавување на сцената), ги поместува културолошките граници на 21 – от век со својата мулидимензионална уметност и навистина креативна и футуристичка визија. Сиве овие погоре напишани епитети ги има токму Севдализа. Преку фузијата на електроника, трип – хоп, експериментален поп и алтернативен R&B, таа создава хипнотичка музика чиј главен фокус е индивидуалната и женска моќ. Моментално актуелна на светските топ листи со синглот ,,Ride or Die Pt. 2”, таа оваа сезона има и висока позиција во лајн – апите на многу од најголемите фестивалски сцени во Европа и светот.