Празниците се време кога и одмараме и празнуваме. Но, не сите. Тие се дел од оние кои и во празник и во делник и во неработен ден се на своите работни места, односно 24/7 или 365 денови во годината и така од пандемијата наваму кога се и дежурни аптеки.

Сузана Христовска-Димовска е дипломиран фармацевт од приватната здравствена установа аптека „Роса Вита“ , таа и нејзиниот тим се условно речено чуварите на нашето здравје.

Годинава аптеките „Роса Вита“ ќе прослават 23 години постоење. Тимот е оној за кој таа се грижи, освен за пацинетите.

Ја поздрави одлуката на Фондот за здравствено осигурување за проширувањето на позитивната листа. И вели нашиот здравствен систем е најдобар, правејќи споредба со оној во западниот свет.

Вели задоволна е од работата што ја работат, но и очекува разбирање од пациентите.
За среќни новогодишни и Божиќни празници“ тоа е честитката од нив која уште еднаш ја упатија до сите граѓани.











