Груби бара Вашингтон итно да се вклучи во решавањето на спорот за името

0
255

Претседателот на собраниската група за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, за време на престојот во Вашингтон се сретна со повеќе конгресмени со кои што разговараше за неопходната потреба за активно и итно вклучување на Вашингтон во изнаоѓање на достоинствено решение за спорот со името со Грција.

Груби на средбите ги информирал дека парламентарното мнозинство и реформската влада имаат видливи и скоро одлични резултати во исполнување на домашните реформски задачи, заокружување на нормативниот дел на Охридскиот договор, како и дека е ратификуван Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Наша единствена пречка на патот кон НАТО и ЕУ е само спорот со Атина и САД можат да дадат ценет придонес во надминување на разликите како што придонесувале постојано во историски моменти за нас и регионот“, изјавил Груби.

Сите соговорници, без исклучок, како што соопштија од неговиот кабинет, изразиле огромна поддршка за Македонија,но и готовност да помогнат преку конкретни дела.

Груби побарал од сите соговорници конкретно да помогнат преку јавни ставови, писма и барања до кабинетот на американскиот претседател за уште поактивно вклучување на Вашингтон во изнаоѓање на достоинствено решение.

www.mkd.mk