Груби: Договор за името ќе има за неколку дена

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За процесот за името, пратеникот од ДУИ, Артан Груби во интервју на телевизијата Канал 5 рече дека се денови во прашање до потпишувањето на Договорот за надминување на спорот за името. Груби нагласи дека како партија и како дел од власта биле целосно вклучени па дури и помогнале да се дојде до решение за името во делот на преводливоста во патните документи на националноста на припадниците на останатите етнички заедници во Република Македонија.

Пратеникот  Груби кажа дека решението целосно го гарантира македонскиот јазик и идентитет и дека тоа треба да се очекува меѓу еден од предлозите на медијаторот Метју Нимиц кој не е отфрлен.

Груби откри дека освен имињата предложени од медијаторот Метју Нимиц, во игра се и сите нови креативни решенија, за кои даде неколку примери.

-Медијаторот Нимиц ги предложи Северна, Вардарска, Горна, Нова и Република Македонија (Скопје). Знаете дека се преговара за имињата предложени од Нимиц, но се преговара и за секое можно ново креативно решение. Креативно како: „Република Крушевска Македонија“, „Република Современа Македонија“, „Република Европска Македонија“, рече Груби.

Share.