Груевски до судијата: Ако е донесена одлука однапред, подобро да не осудите отколку да не малтретирате

0
981

Ако е донесена одлука однапред подобро да не осудите отколку да не малтретирате, му рече поранешниот премиер Никола Груевски на денешното судење на судијата Огнен Ставрев кој го презакажа судењето за ТНТ за 15 февруари.

Груевски за прв пат во судница бурно реагираше кон судијата наведувајќи дека немаат време кога да ги слушаат прислушуваните разговори.

„Немањето на судница е проблем на судот, следната недела сме секој ден  на рочишта, не е фер судењето. Не е фер вака што се закажуваат рочишта, ние ли сме криви што судот нема судница“, рече груевски.

Се побуни и второобвинетиот Миле Јанакиески кој исто така истакна дела нема да има време кога да ги чуе снимките и праша како може за премиерот Зоран Заев рочиштата да се закажуваат на месец дена, а за нив на три дена да се проблематизира и да ги закажуваат толку брзо.

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривање на комплесот „Космос“ во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски.

24vesti.com.mk