Груевски застана до Талат Џафери, истури вода и му го исклучи микрофонот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кога на дневен ред дојде точката за Законот за употреба на јазиците,  пратеници од ВМРО ДПМНЕ се собраа на говорницата и почнаа да се караат со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Најжесток од сите беше екс премиерот Никола Груевски, кој истури вода на масата кај Џафери и му го исклучи микрофонот. За малку ќе дојдеше до физичка пресметка, по што беше дадена пауза од 15 минути.

Share.