Груевски за новиот предмет на СЈО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Специјалното јавно обвинителство не може да отвори толку многу истраги и да одржи толку прес-конференции колку што Заев може да направи глупости оти тој е многу подинамичен од нив и СЈО се труди, но не може да постигне да ги покрие неговите глупости“ изјави денес поранешниот премиер Никола Груевски. Според Груевски денешните прес-конференции на СЈО се со цел да се дефокусира јавноста од случувањата во земјава.

„Првата отворена истрага е за попис и нема да ме изненади ако следната отворена истрага биде затоа што некаде сум ручал, па сме станале на сред ручек и сме му направиле штета на Буџетот со тоа што сме го платиле целото јадење. Во спроведувањето на пописот имаше Државна комисија која си ја работеше својата работа и цврсто верувам дека тоа го правеше одговорно и професионално. Сите и во политиката и граѓаните следевме што се случува и бевме загрижени да не има некакви проблеми, но одлуките си ги носеа тие. Ние само можевме да следиме. Ова го сметам како обид на СЈО да го дефокусира вниманието на јавноста од она што се случува во земјата. Не можат СЈО да одржат толку прес-конференции и да отворат толку истраги колку што Заев може да направи глупости. Заев е многу побрз, подинамичен и почесто ги прави глупостите отколку што тие можат да одржат прес-конференции со цел да ги затскријат неговите глупости и грешки што секојдневно ги прави“ рече Груевски.

Share.