Груевски и Јанакиески денеска во судница, ново рочиште за ТНТ

0
153

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиѓте за случајот на Специјалното јавно обвинителство ТНТ. Овој предмет се однесува на уривањето на комплексот „Космос” на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски.

Во ТНТ“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

мкд.мк