Поранешниот советник и претседател на Советот на Општина Битола, а сега потпретседател на ЛДП и директор на Национални шуми, Валентин Груевски го прашавме околу случувањата во Советот на Општина Битола за проектот за реконструкција на „Парк“ односно пренамената на парите за велосипедски патеки.
„Можеби Битола требаше да добие две работи и едното и другото. Требаше да седнат на маса и да се договорат да ги добијат двете работи и велосипдеските патеки и ресторанот „Парк“, кој е еден цел комплекс од Офицерскиот дом.
Едното или другото ако го добие не чини, меѓутоа од она што го гледам мислам дека нема да ги добие ни двете работи“ вели Груевски.