Груевски најави рекордни пари за спортот во Битола

0
841

Претседателот на Совет на Општина Битола, Валентин Груевски денес најави дека  за следната година во ставката спорт, планирани се 550.000 евра што е рекорд на средства планирани за спортот досега во Битола.

Во 2018 година планирано е и завршување на започнатите активности на стадионот под Тумбе Кафе, за што обезбедени се средства од 1.300.000 евра. Исто така се очекува да бидат поставени и монтажните трибини зад головите, со што Битола конечно ќе добие комплетен стадион на кој ќе може да се играат и натпревари по повисоки стандарди.

Се планира и реконструкција на спортската сала „Младост“ во Битола, со што како што рече Груевски ќе се овозможи да се одигруваат и меѓународни натпревари.

Груевски рече дека денес кошаркарскиот и ракометниот клуб ги добиле платите за месец ноември.До нова година требало да се избере нова управа во кошаркарскиот клуб „Пелистер“, а утре пак ќе се состанел и управниот одбор на Ракометниот клуб.Најави и враќање на ракометни битолски легенди.

Амбициите на локалната самоуправа за ракометот  се враќање на неколку ракометни битолски легенди, а за кошаркарскиот клуб задржување во првата лига.

Најболната тема кога спортот е во прашање во Битола е фудбалот, рече Груевски.

-Моментално ФК Пелистер должи 215.000 евра, а општината доколку акционерите не можам или не сакаат да продолжат тогаш има план целосно да го преземе клубот но со чиста сметка. Општината нема да дозволи клубот да оди во втора лига, рече Валентин Груевски, претседател на Совет на Општина Битола.