Груевски: Не е опасен обидот на Корубин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како што веќе информиравме и во наредниот период прв човек на Либерално-демократската партија ќе биде Горан Милевски кој ја доби довербата на седмото изборно собранието.

Веднаш после тоа на својот Фејзбук профил неговиот против кандидат Никица Корубин го обвини Милевски за недемократко управување со партијата и најави дека самостојно ќе делува во Собранието на Македонија, односно дека ќе се случи фракција.

На оваа тема разговаравме со битолскиот либерал-демократ Валентин Груевски кој го прашавме и за тоа дали постои единство во партијата  и на локално ниво, како и во Советот на општина Битола и дали има разидувања со коалициониот партнер за државните теми.

Share.