Груевски: Не сакав инцидент, а Џафери треба да и се извини на јавноста

0
462

Во однос на неодамнешните тензии помеѓу собранискиот спикер Талат Џафери и поранешниот премиер а сега пратеник, Никола Груевски, за време на гласањето на Законот за јазиците, денеска пред судот Груевски рече дека воопшто не му била целта да предизвика инцидент, туку јасно и гласно да покаже дека не се согласува со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците.

Како што изјави Груевски за време на паузата на рочиштето за случајот „ТНТ“, тој само ја оттргнал раката на Џафери во моментот кога тој го допрел и дека ништо повеќе од тоа не се случило.

Според Груевски, спикерот Талат Џафери треба да им се извини и на македонската и на албанската јавноста поради тоа што на шверцерски начин донел закон кој што ги засега токму албанските граѓани.

novatv.mk