Груевски: Со мерцедесот се возев 10 до 15 пати

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Може 10-15 пати се возев во мерцедесот, кога одевме на подолго патување, или кога другото возило беше на сервис, рече поранешниот премиер Никола Груевски во интервју за Сител, а за чија набавка во случајот „Тенк“ на СЈО доби две години казна затвор.

Предметите на СЈО кои се водат против него тој ги оцени како политички монтирана хајка.

Тој во гостувањето во Дневникот на Телевизија Сител вели дека сите случаи на Специјалното јавно обвинителство во кои тој е обвинет се слични на случајот „Тенк“.

„Најеклатантен е примерот кај случајот со патиштата, т.н. „Траекторија“ каде што се создава едно широко распространето мислење дека таму сум земал провизии, за поткуп, а всушност обвинет сум за истото како во „Тенк“, вели Груевски, појаснувајќи дека обвинет е зашто сакал да оствари политичка корист, односно затоа што сакал патиштата да се завршат пред редовните избори и да се стекне со корист кај гласачите.

Вели дека тоа е апсурдна ситуација, додавајќи дека улогата на еден политичар и премиер е да гледа побрзо да се завршуваат проектите.

Екс премиерот, Никола Груевски, вели дека судството е во спрега со власта и дека дел од судиите се целосно заробени по принципот на делење награди или давање казни. Во интервју на ТВ Сител, Груевски изјави дека не било така додека тој бил премиер.

Груевски рече дека ја очекува пресудата во случајот „Тенк“.

„За овој случај многу не се изненадив, уште од самиот почеток од првиот ден како судијката го водеше процеост беше јасно дека имаше донесено одлука како ќе пресуди. Сретнав и еден новинари и во паузите и ми спомна уште на првото рочиште му било јасно дека има намера да ме осуди, на второто и третото имал забетонирано таков став. Го имав чувството на пристрасност кон СЈО, на лошо однесување кон одбраната, со викање, одземање збор. Додека на другата страна поданичко однесување како кон претпоставен. Самиот Заев на две недели пред изрекување ја објави пресудата: „Гледајте ќе има пресуда за Груевски, ќе видете дека правдата дојде“ – рече Груевски.

 

Share.