Групата Оскар со донација за децата од специјалните установи

0
2333

Групата Оскар по враќањето од големата австралиска турнеја деновиве ги посетија ,,Домот за доенчиња и мали деца“- Битола и Републичкиот завод за лица со посебни интелектуални потреби ПОРАКА.

„ Велат подадената рака кога си немоќен е поголема од сто кои ракоплескаат кога си семоќен. Само љубовта и вниманието кога се споделуваат стануваат поголеми, а деновиве ни се исполнети со многу љубов и насмевки кои посебно ни значат. Прекрасниот прием на нашинците во Австралија, нивната отворена врата и срце за секој од нас, нивната позитивна мисла и огромна поддршка ни даде голема мотивација истата таа благородна мисија да ја продолжиме и кај нас. Со посебна чест и задоволство деновиве се дружевме со децата од овие установи. Овие средби уште еднаш не уверија дека ништо на светот не е поскапоцено од детската насмевка и нивната среќа е над и пред се“ велат членовите на групата Оскар.