Група пензионери од Општина Битола на денешната пресконференција со три прашања до Здружението на пензионери од Битола.
1.Прашање до Сојузот на здружение на пензионери на Република Македонија.
Што превзеде Сојузот на здружението на пензионери на Р.македонија околу зголемувањето на пензиите и дали воопшто го имаат поставено на дневен ред зголемувањето на пензиите во последните години.Пензиите заостануваат во однос на зголемувањето на платите и во однос на животните трошоци.Зголемувањето,односно усогласувањето на пензиите согласно закон,во последните години е занемарливо бидејќи истите растат по години и тоа:
-2019г. Април 0,7%,јули 0,4%
-2020г. Јануари линеарно 722 ден. јули 0,6%
-2021г. Јануари 1,2%,јуни 1,2%
-2022г. Јануари 2,9%,септември 6.8%
-2023г. Април 8,4%
Просечниот раст за последните 4,5 години и изнесува околу 2,8%,што е минорно.
Ако се има предвид да просечната плата има далеку поголем пораст,во однос на порастот на просечната пензија, а цените на животните трошоци односно цените на мало далеку се повисоки во однос на порастот на пензиите,може да се констатира дека секоја година животниот стандард на пензионерите опаѓа.Особено инфлацијата во последните три години покажува висок пораст кај основните прехранбени продукти,ел.енергија,транспортот и друго со што а особено со ниската просечна пензија не можат да се покријат животните трошоци?
2.Прашање до здружението на пензионери Битола
Зошто е зголемена цената на огревното дрво и тоа од 3100 ден. во 2022г. на 4800ден. во 2023г. за кубик дрво.Имаме сознанија дека набавката на огревно дрво преку определени приватни субјекти е пониска во однос на цената која ја нуди ЗП Битола.Со ова се нарушува основната дејност на здружението на пензионери,како непрофитабилна организација,напоменуваме дека годишно према наши сознанија се запишуваат до 10000 метри кубни и кога се пресмета тоа се големи финансиски средства. Исто така имаме сознанија дека при набавката на огревно дрво здружението на пензионери заклучува поединечни договори со секој пензионер каде не гарантира ниту цена,ниту квалитет,ниту време на испорака на дрвата.Со оваа цена се одземаат пари директно од џебот на пензионерите. Прашуваме каде се трошат тие пари?
3.Прашање исто така до здружението на пензионери Битола.
Во периодот пред пандемијата “Ковид 19”,пензионерите од општините Битола,Новаци и Могила се возеа во градскиот и општинскиот превоз со автобуси со 50% пониска цена од редовната цена секој ден во неделата и на сите линии.Во тоа време ЗП Битола за оваа услуга на пензионерите дотираше одредена сума на парина превозниците кои обавуваа превоз.
Во последните години оваа услуга е укината. Се поставува прашањето зошто е укината или зошто повторно не се воспостави кога се знае дека ЗП Битола располага со доволно финансиски средства?“, беа прашањата кои што денеска ги упатија група на пензионери од Битола до Здружението на пензионери од Битола.












