Грција и Македонија на нова средба со медијаторот Нимиц

0
265
Greece's Foreign Minister Nikos Kotzias, Matthew Nimetz, the United Nations mediator in a name dispute between Macedonia and Greece and Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov, from left, arrive for talks in Vienna, Austria, Friday, March 30, 2018. (AP Photo/Ronald Zak)

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе се сретнат со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц во обид да се постигне компромис во повеќегодишниот спор околу името. Во Њујорк е соопштено дека Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прфатливо решение за прашањето со името“. Македонската влада се надева дека решение би можело да биде постигне во текот на оваа година. Нимиц во минатиот месец изјави дека е „оптимист“, но оти „се уште има тешки прашања за решавање“. Неколку можни имиња се во игра, а најмногу се спомнува Горна Македонија.

slobodnaevropa.mk