Грција од денеска дистрибуира бесплатни домашни тестови на ковид-19

Од денеска во Грција секој граѓанин има право на еден комплет за само-тестирање на коронавирусот неделно, пишува Радио Слободна Европа.

Тестовите се бесплатни и ова е дел од напорите земјата да се справи со ненадејниот пораст на инфекции и хоспитализации. Приоритет на домашни тестови ќе имаат наставниците и средношколците на возраст од 16 до 18, бидејќи властите имаат намера повторно да ги отворат училиштата.

Заменик министерот за здравство Василис Кодозаманис изјави дека тестовите содржат брисеви за нос и се лесни за употреба и затоа нема потреба да се прават во присуство на здравствени работници.

Секој што има позитивен тест, треба да се пријави на владината веб-страница и ќе треба да направи ПЦР тест. И покрај строгите мерки, бројот на инфекции со коронавирус расте во Грција, болниците се преоптоварени, а единиците за интензивна нега се скоро полни.

Сподели