Грчката црква во соопштение ја нарече Македонија по уставното име

0
548

Грчките владици во соопштението кое се однесува на последните случувања меѓу МПЦ и БПЦ, државата ја нарекува Македонија.

Иако во текстот на соопштението името Македонија е ставено во наводници, тоа е нешто сосема поинаку од досегашната пракса на Грчката православна црква, Македонија да ја ословува како „ФИРОМ“.

– Постојаниот Свет Синод на Црквата на Грција, на своето заседание на 14 декември о.г., по повод Соопштението на Светиот Синод на Бугарската Црква, ја разгледа нејзината одлука да го прифати писмото од расколничката Црква во „Македонија“ од 19 ноември 2017 и да ја земе улогата на нејзина „мајка Црква“, пишува во соопштението на ГПЦ.

a1on.mk