Грчка европратеничка бара одговор за ставовите на Туск по средбата со Заев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ставовите и поддршката за Македонија од претседателот на Европскиот совет, но и употребата на македонскиот јазик од страна на Доналд Туск, се темите во прашањата што европратеничката од грчката опозициска Нова демократија, ги упатува до претседателот на Европската комисија по средбата во Скопје на Доналд Туск и Зоран Заев.

Мариа Спираки, која воедно е и портпарол на Нова Демократија, во писмениот допис, поставувајќи ги прашањата до претседателот на ЕК, ги зема предвид изјавите на министерот за надворешни работи на Македонија дека „еден од столбовите во преговорите со Грција е прифаќањето од страна на Грција дека јазикот што го говорат во соседната земја е т.н. македонски јазик“, пренесува МИА.

„Дали смета дека изјавите се израз на солидарност на Советот кон држава членка на ЕУ која што е во преговори со земја кандидат за членка? Дали смета дека конкретниот став позитивно придонесува во преговарачкиот процес? Безусловната поддршка кон ПЈРМ, како што кажа, важи и во случај да нема решение на проблемот со Грција? Кои се фактите што му даваат за право да го предвиди признавањето на јазикот на ПЈРМ, од страна на Грција во рамките на континуираните преговори?”, се прашањата што европратеничката од Нова демократија ги упати до Европската комисија.

 

Share.