Грчки хакери извршиле сајбер напад врз турски институции

0
197

Грчки хакери соопштија на социјалните мрежи дека извршиле кибер напад на некои турски банки како и на една водечка конултантска компанија во однос на одбраната. Групата тоа го сторила како одговор на „турските провокации“ за судирот на турскиот и грчкиот брод во реонот на островите Имија/Кардак на Егејското Море.

При овие напади хакерите ги блокирале електронските пошти и кодовите за пристап до банките, меѓу кои е и „Зираат Банкаси“.

Инаку двете земји спорат за суверенитетот на островот Имија/Кардак, кој и двете земји го сметаат за свој.