Грчкото МНР ја поздрави одлуката на Владата за преименување на автопатот и аеродромот

0
283

Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое, како што јавува дописникот на МИА од Атина, ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.

– Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во „Автопат Пријателство“. Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, соопштуваат од грчкото МНР.