Над 6000 ваучери за набавка и вградување инвертер клима-уреди за домаќинства почнаа да им се доделуваат денеска на граѓани низ државава кои аплицирале и ги исполниле критериумите од јавниот повик објавен од Министерството за економија во февруари годинава.
Гужви и нервози и во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ каде се подигнуваат ваучерите за инвертер клима уредите што ги доделува Министерството за енергетика.
Решенијата се доделуваат по азбучен ред, од 9:00 часот до некаде после пладне стигнале до буквата Д. Ваучери во спортската сала освен жителите од Битола, подигнуваат и тие од Новаци и Могила.
Граѓаните нив може да ги искористат за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024, а по тој датум неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки.
Од министерството велат со цел да им овозможиме подобра распределба на граѓаните, денеска на 30 места во Македонија ќе бидат доделени ваучерите. Во Скопје и Битола во спортските сали, а во останатите места ќе бидат во соработка со Агенцијата за вработување, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска.
Во спортските сали во Скопје и Битола и утре од 9:00 до 17:00 часот ќе се доделуваат ваучерите.
На прашање дали граѓаните ќе имаат доволно време и дали ќе се продолжи рокот за купување на клима-уредите, таа одговори дека ако не е доволно ќе преземат правно издржани чекори, нагласувајќи дека им е најважен интересот на граѓаните.