Гулевска: Како се трошеле парите од претоходниот градоначалник на Могила

0
2108

Градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска преку својот Facebook профил им се обрати на жителите на општина Могила за како што напиша, како недомаќински и неодговорно се трошеле општинските пари.

Во соопштението стои дека од 2013 до 2017година вкупно потрошено за кафански сметки 3. 224, 624 денари, односно 52. 433 евра.

За истиот тој период пишува Гуелевска, тендерот за прехрамбрени продукти кој го добил фамилијарно близок на претходниот градоначалник, вкупно потрошени се 1. 385. 548 денари односно 22. 565 евра.

Соопштението го завршува со тоа дека „патот е трнлив и макотрпен меѓутоа општина Могила ќе биде одговорна,домаќинска и одговорна општина“ напиша Гулевска.