Давитков: Очекувам поддршка од трибините за победа над Словачка

0
286

Кошаркарските репрезентативци в недела ја пречекуваат селекцијата на Словачка против која триумфално поминавме во ноемврискиот претквалификациски прозорец. Сакаме нова победа, сакаме полни трибини, сакаме враќање на кошарката на местото на кое и припаѓа.

„Не очекува натпревар во кој нема што да калкулираме. Одиме на победа, победивме во Попрад, се надевам дека ќе победиме и в недела. Треба да одиграме максимално, но желбата е само триумф. Противникот има солидна екипа, со екстра-играч Курич кој е извонреден шутер. Го имаат уште Седма, кој е искусен и малку постар, но сепак може да помогне. Тука е и тренер кој доаѓа од екс-Ју просторите. Но, што и да е, мислам дека по победата во Словачка треба повторно да победиме. Одиме чекор по чекор, одигравме два добри меча во ноември и се надевам дека ќе се вратиме таму кадешто ни е местото. Има место за простор за напредок во нападот. Играчите веќе ја препознаваат мојата филозофија на игра. Со Швајцарија беше малку стегнато, имаше притисок, но сега мислам дека ситуацијата ќе биде поинаква. Сите 16 играчи се појавија на првиот собир, на овие тренинзи што ги имавме досега работат солидно. Тоа е и очекувано, затоа што се наоѓаат во топ-форма. Имаме мал проблем со Димитријевиќ кој е повреден. Се мачи со повреда на препоната. Синоќа не тренираше, се наоѓа на лекарски прегледи“, вели селекторот Јорданчо Давитков.

На неговите зборови се надоврза и капитенот на селекцијата, Војдан Стојановски.

Сите од играчите знаеме колку е важен овој натпревар за нас. Најважно е да нема опуштање в недела и да одиграме како што знаеме. Не треба да дозволиме победата во Попрад да не опушти, Ако почнеме добро во одбрана нема да имаме проблем на натпреварот. Што се однесува до Хендрикс, тренира максимално. Не се чувствува дека бил надвор од терените десет дена. – дополни капитенот.

Натпреварот ќе се одигра в недела (25. февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.