Дадатлон – виртуелен натпревар за татковци и деца

За да бидете утре во сеќавањата на вашите деца, треба да бидете во нивните животи денес – е пораката до татковците од организацијата DaddyHood Europe основана од Швеѓанецот Томас Пикелнер и Хрватот Марино Манцони.

За да ги охрабрат мажите да се занимаваат со активно татковство, тие го организираат Дадатлон, виртуелен натпревар во кој можат да учествуваат татковци и нивните деца од целиот свет.

На натпреварот не е важна брзината, ниту постигнувањето на целта, туку зајакнувањето на врската помеѓу татковците и децата со вклучување во физичка активност на свеж воздух, пред се во заедничка квалитетна забава.

Прочитајте и: Скајвокер од ,,Војна на звездите,, ќе снима филм во Србија

Дадатлон е натпревар кој се состои од три активности – трчање, возење велосипед и пешачење. Натпреварувачите можат да учествуваат во првата активност од 17 до 24 април, во втората во јуни, а во третата во септември. Учеството на натпреварот е целосно бесплатно, а апликациите се прифаќаат овде.

Апликациите за Дадатлон доаѓаат од целиот свет – од Хрватска, Данска и Португалија, преку Јужноафриканската Република, Индија и Кина, до Нов Зеланд. Натпреварувачите се поканети да се натпреваруваат во сите три активности, но, доколку сакаат, тие исто така можат да изберат да учествуваат само во една или две активности.

“Натпреварите се дизајнирани да бидат целосно прилагодени за учество на деца од различна возраст. Тие се многу флексибилни и во согласност со епидемиолошките мерки. Со цел да учествуваат татковци со помали деца, дозволени се колички, детски седишта на велосипеди и носачи на бебиња. Целта на овие трки е да се поврзат татковците со децата, велат организаторите.

Тој и Швеѓанецот Томас Пикелнер решија, како нови татковци, да ги охрабрат другите мажи да се занимаваат со татковство. Имено, тие почувствуваа дискриминација на татковците во однос на мајките и велат дека дури и во најразвиените земји во Европа, општеството со чудење гледа на мажите кои сакаат целосно да се посветат на грижата за своите бебиња. Затоа тие сакаат да ги едуцираат идните татковци и да создадат силна меѓународна заедница на татковци кои ќе се поддржуваат едни со други преку размена на искуства и совети и ќе придонесат за еднакво родителство.

Сподели