Дали е ова „Чернобил на вода“?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Руската контроверзна пловечка нуклеарна централа тргна вчера на првото патување по море.

Пловечката нуклеарка „Академик Ломоносов“, прва од таков вид во светот, тргна од бродоградилиштето во Санкт Петербург по Балтичкото Море, а потоа околу северниот дел на Норвешка до Мурманск, каде нејзините реактори ќе бидат наполнети со нуклеарно гориво.

Проектот е на удар на критики на активистите за заштита на животната средина кои наведуваат дека станува збор за „Чернобил на вода“.

Пуштањето во работа на нуклеарната централа е планирано за крајот на 2019 година кај Чухотка, со цел со струја да ги снабдува градот и нафтените платформи, но и зафрлените воени бази.

faktor.mk

Share.