Дали загадувањето може да ја зголеми цената за паркирање?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес претставниците на комуналните претпријатија кои што стопанисуваат со јавните паркиралишта од повеќе градови на Македонија, седнаа на заедничка маса за да разговараат за тоа како да се продлабочи нивната соработка која што ја имаат. Прашавме кои се проблемите со кои се соочуваат тие , и како ги коментираат критиките на дел од јавноста за услугата што ја даваат. Како и прашањето дали е можна корекција на цената?

-Најчестите наши проблеми се сообраќајните проекти, недостаток од паркинг места поради големиот број на возила. Во однос на цената дали ќе има корекции, зависи од зоните, зависи од градот, зависи од жителите, зависи од движењето на возила, од сообраќајот итн. Некаде цените ќе се зголемат а некаде ќе се намалат. Каде што има големо загадување на воздухот таму ќе се зголемат цените за да се намали бројот на возила, рече Вангел Андрески, директор на ЈП „Паркинзи“ Општина Центар.

Прашањето за цената го поставивме и до претставникот на градски паркинзи од Битола.

-Цените се носат со одлука на Совет на општина Битола. Доколку треба да дојде до промена на цените, тогаш таа промена треба да се изгласа во Советот, рече Јулијана Цветковска ДНП Градски паркинзи Битола

Целта на денешната средба беше продлабочување на соработката.

-Денешната средба е продолжување и проширување на иницијативата за формирање на асоцијација на комунални претпријатија кои стопанисуваат со јавните паркиралишта со цел зголемување на интезитетот на меѓусебна соработка, заеднички настап при соработка со другите институции и остварување на евентуална меѓународна соработка за потребите на дејноста, како на пример следење на најновите технологии и иновации, рече Јулијана Цветковска ДНП Градски паркинзи Битола.

-Денеска разговараме за оформувањето на основачкото Собрание на Асоцијацијата на јавни паркиралишта, со тоа што потоа сите здружено, паркинзите од цела Македонија ќе соработуваме и надвор од Македонија. Ќе преземеме сите законски норми што ќе бидат во Македонија ќе бидат преку нашето собрание,“ изјави Вангел Андрески, директор на ЈП „Паркинзи“ Општина Центар.

Средбата се одржа во Хотел Милениум.

Share.