ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ИМА ПАРТИЗИРАЊЕ НА БИТОЛСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ?

„Имаме неколку кривични пријави за образование поднесено. Очигледно матрицата ДПМНЕ кога ја практикува локалната, но и централната власт, имавме тоа прилика да го видиме 12 години, нема промена во матрицата. Буквално не се почитува ниту еден закон, ниту законот за основно, ниту законот за средно образование. Се носат одлуки со истечен мандат на училишни одбори. Во законот стриктно стои дека мандатот на членовите на училишните одбори е три години и пред истекот на мандатато на претходните, треба да се изгласаат новите.

Ние на Совет носиме одлуки уште во септември за одредени училишта да има промена на членовите на училишните одбори, меѓутоа тоа во пракса не се реализира. Затоа имаме поднесено многу кривични пријави, очигледно во образованието не стојат работите добро“ вели советничката од СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска.

И едните и другите меѓусебно се обвинуваат за партизирање на образованието.

„Не, апсолутно не партизираме, ние бараме само децидно почитување на законите. Од првата седница на Советот како советник го прашав градоначалникот за комисијата за трансформација. До денеска и покрај одлуката на второсптепената комисија, работниот однос на одредени наставници кои што ги исполнуваат сите услови согласно законот, не е трансформиран. Ниту комисијата за трансформација при Општина Битола е над законот, ниту градоначалникот, затоа имаме одземање на ингеренциите“ вели Захариевска-Ралевска.

За образованието го прашавме и советникот Бојкоски.

„Со образованието, како што вчера бевме информирани и од градоначалникот на Битола дека оние што најавуваа кривични пријави за незаконско работење, тоа беше потврдено дека не е така од страна на министерот за образование, односно директор на техничко училиште и именуван со мандат од четири години“ вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.