Дали кучињата сонуваат?

Дали кучињата сонуваат или не, не е познато со научна сигурност, но тешко e да се замисли дека не го прават тоа. Сите сме гледале како нашите кучиња се однесуваат во сон слично на она што го прават во целосно будна состојба. Веслаат со нозе, лелекаат, ржат, мавтаат со опашки, џвакааат како да јадат а сето тоа не инспирираа да се прашуваме за што сонуваат нашите кучиња.

Што знаеме за кучињата и соништата?

Додека нашето знаење на оваа тема е многу ограничено, следните информации ни помагаат да веруваме дека кучињата навистина сонуваат. Според Метју Вилсон, професор по невронаука на МИТ и Кенвеј Луи, дипломиран студент во 2001 година кој ги проучувал односите помеѓу меморијата, спиењето и соништата, открил дека кога стаорците биле обучени да трчаат по кружна патека за награда од храна, нивниот мозок создавал карактеристична шема на отпуштање на неврони (мозочни клетки). Истражувачите го повториле следењето на мозокот и додека стаорците спиеле и тие ја забележале истата шема на активност на мозокот поврзана со трчање без разлика дали стаорците биле будни или спиеле. Всушност, приближно со иста брзина за време на спиењето како и кога стаорците беа будни.

 

Можеме ли да го примениме ова и на кучињата? Можеме ли да го земеме она што е познато за сонувањето кај стаорците и луѓето и да ги примениме овие информациите на кучињата? Вилсон верува дека можеме. „Мојата претпоставка е – освен ако не постои нешто посебно кај стаорците и луѓето – дека мачките и кучињата го прават токму истото“, рече тој, според веб-страницата на USA Today. Познато е дека хипокампусот, дел од мозокот што собира и складира спомени е поврзан на ист начин кај сите цицачи. Според healthday.com, професорот Вилсон вели: „Ако споредите хипокампус кај стаорец со куче или мачка и човекот, тој ги содржат истите делови “. Тој верува дека додека кучињата спијат, во нивните умови се повторуваат слики од минати настани, слично на истиот начин на кој луѓето се присетуваат на искуства додека сонуваат. Кај луѓето е познато дека повеќето соништа се случуваат за време на РЕМ (брзото движење на очите) сон. Кучињата пак исто така доживуваат периоди на РЕМ сон.

Денешните психолошки испитувања покажуваат дека за време на РЕМ нивното дишење станува неправилно и плитко, може да има згрчување на мускулите  и, ако внимателно обрнете внимание често може да се забележат брзи движења на очите зад затворените очни капаци. Кога ги набудуваме нашите кучиња додека спијат, невозможно е да се замисли дека не сонуваат. Исто како и стаорците што ги проучувале Вилсон и Луи, примамливо е да веруваме дека нашите најдобри пријатели со четири нозе повторно ги доживуваат своите неодамнешни искуства; играјќи во паркот за кучиња, душкање во шумата, џвакање на богата коска и бркање верверички.

Националниот институт за здравство вели дека Сигмунд Фројд теоретизирал дека сонувањето е „сигурносен вентил“ за нашите несвесни желби. Можеби тој бил во право и додека нашите кучиња спијат, тие сонуваат да ја дофатат досадната мачка на соседот или пак за тоа како уживаат во неограничени јадења за кучиња.

Сподели