Дали мерките од Австралија можат да го скротат вирусот кај нас?

Минатата недела споредбено со таа пред неа, има зголемување на позитивните случаи на ковид 19.  Зголемувањето е за дури 56,4 проценти или регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино и Кавадарци. Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Во таа недела од 22 до 28 февруари пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела.

„Среда е ден со вообичаено големи ковид-бројки. Под 800 би бил релативен успех“, вака коментираше универзитетскиот професор Трајковски, а вчерашната бројка на нови случаи од почетокот на годината највисока дури 807. А и во Битола дури 25 нови случаи во еден ден.

„Тоа е сосема очекувано за британскиот сој со неговата преносливост. Се покажа уште еднаш дека политиката на соживот со вирусот во Западна Европа и САД е сосема промашена. Значи земјите од азиско-пацифичкиот регион, од југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд, преку политика на остро и енергично преземање на рестриктивни мерки многу подобро успеваат да ја контролираат епидемијата. Но, кај нас очигледно во Европа тој пристап не е прифатен. Единствен начин е преку вакцинација, со што е можно поголем процент на вакцинација и тоа не само било какви вакцини, туку вакцини со висок степен на ефикасност, најмалку 80 проценти“ вели универзитетскиот професот Дејан Трајковски од техничкиот факултет во Битола кој предава теориска механика и кој скоро од почетокот на епидемијата речиси  секојдневни ги прави неговите анализи за состојбата со вирусот.

Комисијата засега со предлог да има задолжителен карантин за оние кои се враќаат во Македонија од јужноафриканските земји.

„Еве гледаме како Австралија се справува. При само еден единствен појавен случај во Перт и Бризбејн, тие цел град го заклучија на пет дена. За тие пет дена недозволија да се рашири вирусот од тој еден, два или три случаи на останатите. Подобро е денеска да заклучите еден град, отколку потоа да не можете и цела држава после еден месец заклучување да го искорените вирусот“ вели тој.

Во меѓувреме МАНУ кажа дека дури 50 проценти од тестовите кои се анализирани во нивната лабараторија се од британскиот сој, кој досега беше кажано дека најмогу го има во Прилеп, Кавадарци и Охрид, а од вчера потврден кај уште едно лице кое се вратило од Занзибар, а денеска се чекаа резултатите за другото лице кои како позитивно на Ковид 19 е исто така хоспитализирано и за кои се вели дека се работи лица од Битола кои биле на патување во Занзибар.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. На инфективните оделенија од внатрешноста најмногу пациенти се хоспитализирани во Прилеп дури 78, потоа во Куманово 77, Кавадарци 52 и Охрид 56 пациенти. Во дуригите болници бројот на пациенти е помал.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 787 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.
Сподели