ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ОПШТИНИТЕ ЌЕ ГИ ЗАБРАНАТ МОБИЛНИТЕ ВО УЧИЛНИЦА ?

Mинистерството за образование и наука денеска промовираше апликација за мобилни телефони преки кои родителите ќе имаат увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште. Oва е уште еден од чекорите со кои родителите поблиску ќе го следат развојот на своите деца на училиште. Iстовремено, две општини во Mакедонија забранија мобилни телефони во училница.

Проверка на времето надвор, запишување на рецепт за торта, договор со пријателите за вечера, фотографирање или снимање на видео, лесна пресметка со дигитронот или осветлување на нешто со ламбата. Ова е време кога сите во своите раце ги имаме мобилните телефони како сраснати. Во листата на активности што сега ќе може да се прават во Македонија е и следењето на успехот на учениците во основните и средните училишта.

Мобилната апликација на разви МОН , а за новината денеска информираше министерката Весна Јаневска којашто која информираше дека апликацијата овозможува, најпрвин увид во распоред и содржината на часовите на учениците, редовноста на настава, оправданите и неоправданите изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки, има пристап до електронскиот дневник и до издадените електронски свидетелства.

„Апликацијата може да се симне на ednevnik.edu.mk или преку банер поставен на веб страната на министерството и да се инсталира на било кој паметен уред, мобилен телефон или таблет, независно од типот на оперативниот систем. Едноставна е за користење и преку најава и автентикација со истото корисничко име и лозинка кои во моментов ги користат за пристап до електронскиот дневник, над 200 илјади родители и старатели, колку што се регистрирани досега, во секое време можат да имаат брз пристап до информации за образовниот процес на нивните деца“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека сите податоци кои се внесуваат во електронскиот дневник, се архивираат и корисникот на апликацијата има увид во податоци од тековната, но и од било која учебна година наназад. Податоците наставниците ќе имаат обврска да ги испечатат само еднаш годишно, што подразбира дека нема да бидат преплавени со административна работа.

Промоцијата на апликацијата се случува непосредно по одлуките на советите на Општините Центар и Аеродром во рамки на Град Скопје за препорака да се забраникористење на мобилните телефони од  почеток до крај на наставата, со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес. Препораките се прифатени од училишните одбори и мобилните телефони од неодамна се забранети за учениците од училиштата во овие општини.

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали МОН може да донесе општоважечка одлука по ова прашање и откако родители бараат без телефони за време на часовите да бидат учениците во сите училишта, вклучително и во средните.

На темата се обраќа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во интервју за начините како ќе се справи владата со лажните дојави за бомби тој  меѓу другото оцени дека забраната за мобилни телефони во училиштата е многу позитивно решение.

Јаневска е на ставот дека  кога кај учениците нема мобилни телефони повеќе ќе се фокусираат на знаењето, а мобилни телефони би требало да има само по наоѓање на наставниците заради вклучување во наставниот процес.